Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

t

Со 61 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, Собранието вечерва го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка.

Средното полициско училиште ќе почне да функционира од 13 мај 2026 година, во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе работи по наставни планови и програми утврдени од министерот за образование и наука во согласност со министерот за внатрешни работи. Истото ќе биде во времетраење од две учебни години, односно трета и четврта година средно образование, така што секој кандидат/ученик по завршување на прва и втора година средно училиште, на објавен конкурс може да се пријави и доколку ги исполнува предвидените услови, своето образование да го продолжи во средно полициско училиште.

Последната генерација (24-та) во Средното полициско училиште завршила во 2000 година, а со примената на ова законско решение ќе се продолжи со 25-та генерација ученици во Средното полициско училиште.

Во средното полициско училиште ќе може да се запишуваат редовни ученици кои завршиле втора година средно образование во средните училишта на територијата на државата. Воедно заинтересираните треба да исполнат и услови за прием. Меѓу нив е одредбата да се државјани на Македонија, да немаат 18 години на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во Средното полициско училиште. Исто така ќе мора активно да го користат македонскиот јазик, да се здравствено и психофизички способни, а ќе се прави безбедносна проверка која треба да утврди дека не постои безбедносен ризик. Воедно за запишувањето на редовните ученици потребна е писмена согласност на родителот, старателот, односно застапникот по закон на ученикот.

-Целта е подготвено да се одговори на сите безбедносни предизвици со коишто се соочува државата, а особено за да биде и чекор понапред во превенирањето на сите можни облици на општествени девијации со цел успешно справување со нив. Недостигот од формализирано полициско средно образование го отежнува процесот на кариерен развој во безбедносниот сектор, ја намалува предвидливоста на човечките ресурси и не дозволува рано селектирање, воспитување и обучување на кадар според специфични безбедносни потреби на државата – се нагласува во законот доставен пред пратениците.

Пратениците дадоа поддршка и за Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, и двата по скратена постапка

Собранието го проследи на натамошно второ читање Предлог на законот за изменување на Законот за гранична контрола.

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска соопшти дека овластените предлагачи ги повлекле материјалите за Предлог на одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието го изгласа Законот за средно полициско…

Со 61 гласа „за“, ниту еден против…

Пановски: По сите основи сме далеку од…

Јавното здравство е под притисок, а состојбата…

Ирански ФАРС: Ормутскиот теснец е целосно затворен!

Новинска агенција Фарс соопшти дека ормутскиот теснец…

Германско предупредување: „Цените на горивата нема брзо…

Германската влада денеска најави дека цените на…

Аракчи: САД треба да изберат помеѓу прекин…

Условите на примирјето меѓу Соединетите Американски Држави…