Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка. Тие се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“.
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност претходно денеска ги проследи измените на Законот за полиција и измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“ на понатамошна постапка во Собранието.
Oд 1 февруари како што е најавено ќе следи казнувањето за прекршоците во сообраќајот.
Министерството за внатрешни работи(МВР) отвори шалтер специјално за „Безбеден град“ каде луѓето ќе можат да ги ажурираат контакт информациите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за…
Собранието со 65 гласа „за“ и ниту…
Граничниот премин Евзони затворен од 18 до…
Земјоделците од северниот дел на Грција кои…
(Видео) Мајката чие бебе почина на ГАК:…
Од медиуми видов дека моето бебе било…
Кос ќе го качува Кораб кога Македонија…
Генералната порака што верувам дека треба да…
Откако премиерот излажа дека го вратил името,…
Грчкото Министерство за надворешни работи реагираше денес…