Објавено на:

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип – неколку вработени со тегоби

t

Неколку вработени во компанија лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени проблеми кои укажуваат на можно труење со храна, пренесе Фокус.

Според првичните информации, повеќе од пет лица почувствувале симптоми како мачнина, повраќање и стомачни болки по консумирање на оброк обезбеден на работното место, дознава М Нет телевизија.

Двајца од вработените, поради влошување на состојбата, побарале лекарска помош и примиле инфузија, додека останатите имале поблаги симптоми.

Неофицијално, храната за вработените ја доставувала фирма од Кочани, а надлежните институции треба да утврдат дали навистина станува збор за труење со храна и што го предизвикало инцидентот.

Очекувањата се дека надлежните служби ќе извршат контроли, а по потреба ќе бидат земени и примероци за лабораториски анализи со цел утврдување на точниот извор на здравствените проблеми.

Повеќе детали се очекуваат по официјалните извештаи од институциите во текот на утрешниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил се преврте во двор на куќа…

Возило во кое се превезувале возач и…

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…

Во сервис за возила на улица „Железничка“…

(Видео) Полицијата го најде и уапси малолетникот…

Во врска со видео објава споделена на…

По вандализмот во ООУ „Ванчо Прќе“: Штип…

По неодамнешниот вандалски упад во најголемото штипско…