Сообраќајка на патот Кочани – Виница, неколку лица повредени

t

Сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот пат Кочани – Виница, поради што сообраќајот на овој патен правец е во прекин.

Според неофицијални информации несреќата се случила околу 13:44 часот, при судир меѓу патнички возила „мазда“ и „фолксваген поло“. Едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Кочани.

На местото на несреќата интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица, која работела на извлекување на починатото лице од возилото.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот е затворен во двата правци.

Од 14 часот патниот правец Кочани-Виница во близина на ресторан Шагал е затворен во двата правца поради случена сообраќајна незгода“, информираат од АМСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајка на патот Кочани – Виница, неколку…

Сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот…

И Грција откажа да се вклучи во…

Новинската агенција Ројтерс го цитираше портпаролот на…

Војната на Блискиот Исток го загрозува снабдувањето…

Војната на Блискиот Исток го наруши снабдувањето…

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите…

СДСМ побара Владата итно да ги прифати…