Сообраќајна несреќа во тетовско помеѓу три возила, три лица се потешко повредени
На 25.01.2026 во 22:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Јажинце – Тетово, во близина на влез за с.Непроштено, се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувани од Е.С.(25) од с.Слатино, А.И.(55) од с.Доброште и А.Ј.(19) од с.Слатино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.С. и неговиот сопатник Б.С.(36), кои по укажаната помош во Клиничка болница Тетово, поради сериозноста на повредите се префрлени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и Ш.В.(45) од с.Доброште, сопатничка во возилото „голф“ управувано од А.И., кој се здобил со телесни повреди. Со телесни повреди се здобил и возачот А.Ј. од с.Слатино, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во координација со јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајна несреќа во тетовско помеѓу три возила,…
На 25.01.2026 во 22:50 часот во СВР…
Кривични пријави за четворица, грабнале 23-годишна девојка…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(25),…
Три лица се повредени во тешка сообраќајна…
На 23.01.2026 година во 11:20 часот во…
Пијан пробиштипјанец нападнал полицаец
Лишен од слобода возач на патот Св.…
На Инфективна клиника почина 69-годишен пациент од…
Пациент на возраст од 69 години, починал…