Сопругот на исчезнатата Злата Јанкова започна штрајк со глад пред полицијата во Свети Николе

t

Дејан Јанков од Свети Николе, сопруг на Злата Јанкова – жената која исчезна на 16 јуни 2024 година – утрово започна штрајк со глад пред полициската станица во Свети Николе. Тој вели дека ќе остане таму и ќе гладува сè додека институциите не преземат конкретни чекори и не добие одговори за судбината на неговата сопруга.

„Не знам повеќе како да го свртам вниманието кон нашиот случај. Времето минува, а настанот паѓа во заборав. Што ѝ се случило на жена ми, жива ли е, кој стои зад нејзиното исчезнување? Ова не е игра, ова не е небитен случај за да биде оставен без решение“, вели Дејан.

Тој додава дека ако домашните институции не можат да ги пронајдат исчезнатите лица, треба да побараат помош и од странство.

„Ако нашите служби не можат да пронаоѓаат исчезнати лица, нека бараат помош од страна. Не е само Злата исчезната во Македонија, на стотици луѓе не им се знае судбината“, вели тој.

Злата Јанкова, 45-годишна жена од Свети Николе, исчезна на 16 јуни минатата година. Последен пат била видена во селото Орел, на неколку километри од Свети Николе, каде што со сопругот работеле на нивниот земјоделски имот.

Тој ден, во недела, Злата и Дејан биле на нивниот имот извршувајќи земјоделски работи. Злата подготвила јадење, а потоа решила да се врати во семејната куќа во Свети Николе. Облекла тренерки и излегла од викенд-куќата, додека Дејан работел во повисокиот дел од имотот.

Од тој момент ѝ се губи секоја трага.

Злата му кажала на сопругот дека ќе се врати во градот со такси, но никогаш не влегла во такво возило. Нејзиниот мобилен телефон ѕвонел со часови, но никој не се јавувал. По извесно време, Дејан го пријавил исчезнувањето во полиција.

Оттогаш, потрагата трае, но без конкретни резултати, објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработените во Лувр повторно штрајкуваат поради лошите…

Музејот Лувр во Париз се соочува со…

Нов штрајк на лекарите од јавното здравство…

Лекарите го предупредија министерот за здравство Вес…

Грчките државни службеници денеска на 24-часовен штрајк

Државните службеници во Грција денес започнуваат 24-часовен…

Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…