Сочувство од ОУ „Петар Поп Арсов“ за смртта на нивните ученици Адам и Марко
Адам Велков и Марко Ѓорѓиевски се 20-годишните момчиња кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница. Тие патувале во возилото „БМВ“, управувано од таткото на Адам, Ристе Велков, кога во нив удрил камионот управуван од 76-годишен косовски државјанин.
Третото момче кое било во возилото е Петар Миланов.
Сите патници во возилото, три момчиња на 20 години и таткото на едно од децата, починале на лице место.
Сочувство до семејствата изразија од Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Скопје, каде младите го завршиле основното образование.
„Со огромна тага и неверување ја примивме веста за трагичната загуба на Ристе Велков, како и на нашите поранешни ученици Адам Велков и Марко Ѓорѓиевски. Ристе Велков не беше само врвен уметник и оперски првенец, туку и човек кој остави посебна трага и во нашето училиште. Пред неколку месеци, преку својот настап во ООУ „Петар Поп Арсов“, на нашите ученици им подари незаборавно музичко доживување исполнето со емоција, уметност и топлина. Во овие тешки и болни моменти, изразуваме најискрено сочувство до семејствата, блиските и пријателите. Нема зборови што можат да ја опишат болката и тагата што ја чувствуваме.Нека почиваат во мир“, соопштија од училиштето.
Сочувство до починатите изразија и од општина Карпош.
„Општина Карпош со длабока тага ја прими веста за тешката сообраќајна несреќа на Скопската обиколница, во која животот го загубија четворица наши сограѓани. Меѓу настраданите е и истакнатиот карпошанец, оперски уметник и баритон Ристе Велков, заедно со неговиот син и две негови другарчиња. Оваа трагедија претставува огромна загуба за нивните семејства, пријатели, за Карпош но и за целата македонска културна јавност. Во овие тешки моменти, изразуваме искрено и најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите. Карпош тагува заедно со своите сограѓани“, соопштија од општината.
МВР извести дека возачот на камионот е лишен од слобода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сочувство од ОУ „Петар Поп Арсов“ за…
Адам Велков и Марко Ѓорѓиевски се 20-годишните…
Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во интервју за централниот…
Предложен притвор за косовски државјанин за тешката…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
Словенечкиот парламент денеска го избра Јанез Јанша…
ВМРО-ДПМНЕ: И Филипче сфати дека претера, па…
Случајот со оставката на Рубин Земон од…