Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување во „24 Анализа“ ја обвини Владата на Мицкоски, дека нема ниту план, ниту стратегија за европската интеграција, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со замајување на јавноста додека граѓаните остануваат без конкретни одговори и без реални чекори напред.
„Македонските граѓани очекуваат и бараат одговори за тоа кој е предлогот на Владата во однос на сите овие прашања. Факт е дека ние мораме да добиеме одговор од страна на премиерот што понатаму со процесот. Се плашам да не биде само замајување на јавноста дека водиме некаков разговор и дека нешто ќе направиме. Се поставува прашањето зошто не се преземат чекори со коишто ќе одиме напред и да го искористиме тој геополитички момент. Јас, две години откако Мицкоски ја извршува позицијата претседател на влада, освен тоа дека тој нема намера да направи еден чекор, немаме никаква друга информација.“ рече Спасовски.
Спасовски посочи дека СДСМ ја повика Владата да ја преземе одговорноста за евроинтегративниот процес, вклучително и преку референдумско изјаснување.
„Еве нека биде и на референдум, да видиме дали сè уште граѓаните стојат зад оваа цел. Суштински, не се преземаат чекори кон остварување на оваа цел. Имам право да се сомневам дали се искрени во декларациите дека се за членство во ЕУ“, истакна пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовки.
Осврнувајќи се реформите пак, Спасовски обвини дека по две години власт нема суштински реформи и дека системот останува непроменет.
„Еве две години власт, која политика е променета од минатото? Што е тоа што се направи како сериозна реформа во којашто ќе речеме дека го менуваме системот? Ја имавме трагедијата во Кочани и до денес не се направи ништо во тој дел за да кажеме да го менуваме системот, истакна Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту…
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување…
29 проценти Албанци на хартија, само 13…
Газменд Алиу од ВЛЕН денеска на прес-конференција…
Пет лица лишени од слобода од вкупно…
Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од…
Мицкоски ги покани турските инвеститори да станат…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку социјалните мрежи…
Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа…
„Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше. Откако…