Спасовски останува координатор во СДСМ – од утре ќе објават „страшни скандали“ на луѓе блиски до Владата

t

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче рече дека пратеникот Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на партијата и дека се надминати недоразбирањата. Денеска на прес-конференција, Филипче потврди дека Спасовски побарал повеќе да не биде координатор меѓу двата круга од локалните избори.

-Меѓутоа причина за тоа беше едно недозразбирање од техничка природа кое што го разрешивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање бидејќи доведе до една непријатна ситуација која не беше намерна ниту тенденциозна. По разговорите и по расчистување на недоразбирањето, Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група, кажа лидерот на СДСМ, додавајќи дека недоразбирањата биле поради технички детали околу начинот на споделување на тој документ со политичките партии.

Филипче, покрај кажаното, најави дека неговата партија од утре ќе започне со објавување на серијал „страшни скандали“ со повеќе прес-конференции „за да видат граѓаните кои луѓе блиски до Владата што прават и што се случува зад завесата“.

Спасовски пред неколку дена кажа дека решил да се повлече во периодот кога во јавноста се подготвуваше Резолуцијата за односите со Бугарија. Според неговите зборови, веднаш кога документот требало да се достави во Собранието, тој изразил несогласување со стратегијата што ја туркал дел од раководството — особено со идејата за таканаречените „црвени линии“ во билатералниот спор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски останува координатор во СДСМ – од…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче рече дека…

Левица со остра реакција на најавените поскапувања…

Левица остро ја осудува одлуката за најновото…

Русија потврди дека извршила напад врз украински…

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека…

(Видео) Демнач плаши станари на зграда во…

Жители од Кисела Вода се жалат дека…

Ахмети презентираше споменик на Скендербег во кичевско

Во селото Гаране, кичевско, вчера беше откриен…