Спиропали во Скопје, на средба со Муцунски: Албанскиот јазик, идентитетот и правичната застапеност – обврски што мора целосно да се спроведат

t

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја пречека со цвеќе и согласно протоколот својата албанска колешка Елиса Спиропали.

Во своето обраќање, шефицата на албанската дипломатија изјави дека Македонија мора прецизно да го спроведе Охридскиот договор, додавајќи дека Албанците се државотворен фактор.

– Албанија ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија, не само како сосед со кој делиме заедничка иднина, туку и затоа што тука живее државотворна албанска заедница која, според последниот попис, достигнува до 30% од вкупното население. Албанците овде се прогресивен, проевропски и одлучувачки фактор за демократската стабилност и евроатлантската ориентација. Затоа, во денешната геополитичка клима, кога влијанијата на „трети актери“ се зголемуваат, а хибридните закани стануваат поагресивни, конструктивната улога на Албанците и на нивните политички претставници, без разлика дали се на власт или во опозиција, останува витална за продолжување на реформите на европскиот пат“, рече Спиропали.

Во февруари во Тирана се очекува да се институционализира петстраната соработка за Коридорот 8 меѓу Италија, Албанија, Македонија, Бугарија и Романија, во рамки на стратешка рамка.

Како две земји членки на НАТО и кандидати за членство во ЕУ, на денешната средба се разговараше за континуитетот на политичките односи и трговско-економската размена, изјави министерот Тимчо Муцунски.
Се очекува во текот на следната година да се отвори нова конзуларна канцеларија на Албанија во Битола – Градот на албанската азбука.

– Разговаравме и за конкретната соработка во билатералните односи, за значењето на Коридорот 8 за двете земји. За различни иницијативи кои ќе ги презентираме во периодот што следи, иницирани од двете страни и од колегите од земјите членки на ЕУ. Разговаравме за трговската размена и економската соработка. Пред неколку месеци Албанија отвори нов Конзулат во Струга, а ме радува фактот што во 2026 година ние ќе го отвориме нашиот Генерален конзулат во Корча. Разговаравме и за поврзаноста во други области, за добрососедството и за размената на различни проекти“, изјави Муцунски.

Со оглед на тоа што Албанија ги има отворено сите поглавја од преговорите за интеграција во ЕУ и се очекува до 2030 година да стане полноправна членка, зголемен е интересот кај Албанците од Македонија за аплицирање за албанско државјанство. На прашање во врска со ова, министерката Спиропали изјави дека Албанија има уставна обврска да се грижи за Албанците каде и да се наоѓаат – за нивните права, благосостојба, безбедност и соживот, додавајќи дека по закон им припаѓа правото да добијат албанско државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спиропали во Скопје, на средба со Муцунски:…

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја…

Зеленски: Подготвени се клучните документи за безбедносни…

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека…

Пристигна и официјална потврда: Стопиран ИПАРД III…

Европската комисија (ЕК) денес соопшти дека ја…

(Видео) Хаос во Тирана: Молотови коктели кон…

Тензична ноќ во Тирана. Масовниот протест на…

Ахмети: Јас не сум претставник на мачки,…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека…