Според последната анкета ВМРО има поголем рејтинг од СДСМ и сите партии заедно

t

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на брифинг со новинарите во Клубот на пратеници презентираше податоци од просек на три анкети, според кои ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема поддршка кај граѓаните.

Според анкетите, ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2 проценти од вкупниот број испитаници, што кај определените гласачи изнесува околу 42 проценти.

Следуваат СДСМ со 8,6 проценти од вкупниот примерок, односно околу 14,4 проценти кај определените гласачи. Следуваат ДУИ со 8,1 процент (13,6 проценти кај определените), ВЛЕН со 6,8 проценти (11,4 проценти) и Левица со 6,2 проценти (10,4 проценти).

Според презентираните податоци, ЗНАМ има поддршка од 2,3 проценти, односно околу 3,85 проценти кај определените гласачи, додека 2,5 проценти од анкетираните се определиле за друга политичка опција.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ има поголема доверба од СДС, ДУИ и Левица заедно, а владејачката коалиција има околу 60 насто од довербата на граѓаните во моментот, интересен е и фактот што 59.7 насто од граѓаните се веќе определени за кого ќе гласаат, што претполага излезност од над 950.000 гласачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според последната анкета ВМРО има поголем рејтинг…

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…

Починат Индиец пронајден во „Жена парк“

На 07.06.2026 во 22:20 часот во СВР…

ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите, СДСМ…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите.…

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов…

Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предметот…

Мицкоски: Самостојно ќе ја градиме „Чебрен“ –…

Големи се можностите Република Македонија да ја…