Спречен увоз на над 23 тони пилешко месо од Бразил поради ризик од птичји грип
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил.
Поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи истата била произведена во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година, извести АХВ.
Официјалните ветеринари на овој граничен премин поради истата причина, во декември 2025 година, во Бразил вратија пратка со над 26 тони замрзнат пилешки батак.
Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ упатува апел до увозниците на храна во земјава да ги почитуваат законските, подзаконските акти и стандардите кои се однесуваат на безбедноста, бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет и за Агенцијата и за државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спречен увоз на над 23 тони пилешко…
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и…
Во Штутгарт исчезна 17-годишна девојка од Македонија
Седумнаесетгодишната Флоринда Зекировски е исчезната од 11…
(Видео) Видеото од Трамп и Брижит Макрон…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга…
Претрес во Куманово: Уапсен 44 годишник, дома…
На 15.06.2026, полициски службеници од СВР Куманово…
Шефот на ЦИА се сомнева дека Иран…
Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, им кажал…