Средба Савески – Рокас
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата.
“Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти”, истакна Савески.
Амбасадорот Рокас му го честиташе изборот на една од највисоките функции во правосудството и му посака успешна работа.
Во разговорите тие заеднички се осврнаа на приоритетите во однос на борбата против корупцијата и на суштинско враќање на довербата на граѓаните дека правосудниот систем функционира.
Савески и Рокас се согласија за потребата од стабилен буџет за јакнење на капацитетите на Јавното обвинителство. Амбасадорот Рокас ја изрази поддршката за независноста и за јакнење на транспарентноста на обвинителството.
Државниот јавен обвинител ја искористи можноста да се заблагодари за континуираната поддршка од ЕУ за Јавното обвинителство, но и за владеењето на правото во нашата земја воопшто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средба Савески – Рокас
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад…
Хегсет: Трамп ќе одлучи дали САД ќе…
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет,…
„Исто дело, различна казна“: Санчез остро го…
Педро Санчез им се придружи на европските…
Италија забрани американски бомбардери да слетаат на…
Италија одби да им даде дозвола на…
Стартапот поддржан од милијардери сака да одгледува…
Овие генетски модифицирани структури содржат целосни органски…