Среде трагедија директорот на ПУИК заедно со пратеничка на ВМРО и 48 административци на саем во Бугарија

Среде трагедија директорот на ПУИК заедно со пратеничка на ВМРО и 48 административци се шетаат на саем во Бугарија, дознава Инфомакс.
Според информациите кои ги добивме се работи за саем за градежништво. Се прошетале и директорот Марјан Стефановски, како и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, но и 48 административци, на државна сметка.
Инфомакс секако ќе побара детали за потрошените средства, иако актуелната владејачка гарнитура до овој момент нема одговорено на повеќе барања за пристап до информации од јавен карактер.
Ова не е прво патување на владини функционери на државна сметка. Премиерот Мицкоски и владина делегација неколку пати патуваа во Вашингтон на државна сметка, а не одговорија на ниту едно барање за пристап до информации од јавен карактер за тоа колку и каде е потрошено за прошетките на владините функционери.
И покрај сите патувања за кои има доволно пари, има средства за луксуз и прошетки по светот, немаше доволно средства за семејствата на настраданите во Кочани, па владата собираше донации заедно со Црвен Крст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се оствари желбата на Кличко: Папата…
Папата Франциск, кој денеска пристигна во дводневна…
Добра вест за тие што патуваат: И…
Освен за Косово и Грција, мерките за…
Зaбpaните за патување не го спpeчуваат ширењето…
СЗО препорачува укинување или ублажување на меѓународната…