ССМ: Работниците протестираат затоа што не се газди и функционери!

t

Првите тројца работодавачи со највисоки плати во Македонија си имаат исплатено плата во месец јуни во висина од 700.000 евра. 1080 избрани или именувани функционери имаат месечни нето плати помеѓу 100.000 и 180.000 денари. 14.369.470 денари е сумата која пратениците во македонското Собрание ја земале за патни трошоци минатата година, а колку земале работниците?

Истите газди, министри, пратеници, директори и сл., одбиваат да ја зголемат минималната плата на најмалку колку што изнесува прагот на сиромаштијата во Македонија или над 31.200 денари, што од сегашната минимална плата од 24.379 денари за 6.821 денари повеќе и затоа е и барањето сите плати на македонските работници да се зголемат за најмалку 6.000 денари или 100 евра, се вели во соопштението на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

На протест морате затоа што Ве игнорираат и Ве потценуваат Вас и вашиот труд, морате затоа што не сте газди, министри и пратеници, затоа што се додека не дигнете глас, тие сметаат дека сте задоволни и дека Ви е доста вас!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ: Работниците протестираат затоа што не се…

Првите тројца работодавачи со највисоки плати во…

(Во живо) Трендафилов: Годинава веројатно ќе започне…

Состојбата не е ни малку добра за…

Трендафилов: Срамно е да се фалите со…

Во гостување на Радио Слободна Европа, Слободан…

Владата со „голема желба“, ама нема зголемување…

Сите имаат голема желба за зголемување на…

ССМ: Кој сака тивко, со суспендирање на…

Со новите закони, Законот за вработените во…