ССМ утре ја блокира Стопанската комора!
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре, 12.02.2026 година (четврток), започнува втората фаза од синдикалните активности за зголемување на работничките плати. Протестот ќе се фокусира на блокада на клучните бизнис институции во државата.
Детали за блокадата: Локација: Раскрсницата пред Стопанската комора, објави 4news.mk Време: Почеток во 12:00 часот. Цел на протестот: Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата. Од ССМ порачуваат дека овојпат на улица излегуваат точно 21 претставник — законскиот минимум потребен за организирање ваков вид активност. Со овој потег, Синдикатот сака да испрати порака дека нема да дозволат работниците да страдаат поради блокадите од страна на работодавачите, пратениците и Владата.
„Нема да дозволиме работниците да мрзнат на улица само за да ги блокираат оние кои со децении го блокираат работничкиот стандард“, велат од ССМ.
Синдикатот упати извинување до граѓаните за можниот застој во сообраќајот, но нагласи дека:
Итната медицинска помош, противпожарната бригада и полицијата ќе имаат непречен премин.
Секој итен случај ќе биде пропуштен за време на времетраењето на блокадата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ утре ја блокира Стопанската комора!
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави…
Бубевски се закани со тужба за клевета:…
Јавниот обвинител Гаврил Бубевски тврди дека бил…
„Брисел ѝ објави војна на Унгарија“: Орбан…
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, остро реагираше…
За пет години општините треба да легализираат…
Уште пет години ќе се продолжи важноста…
Законот за пушење не смее да предизвика…
Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното…