Стармер: Трамп не се согласува со нашата одлука да не се вклучуваме во нападите, но моја должност е да проценам што е во британски национален интерес
Британскиот премиер Кир Стармер го бранеше пристапот на Лондон кон ситуацијата на Блискиот Исток, отфрлајќи ги критиките од американскиот претседател Доналд Трамп дека Велика Британија не се придружила на нападите врз Иран.
Лабуристичкиот премиер нагласи дека неговите одлуки биле водени од законот и „националниот интерес“.
Во обраќањето пред Парламентот, Стармер рече дека им овозможил вчера на американските сили „ограничена употреба на британските воени бази откако Британците беа цел на непромислени ирански напади со беспилотни летала и ракети“.
Стармер останува зад одлуката на Велика Британија да не се придружи на нападите врз Иран што завчера ги почнаа Израел и САД.
– Ние не учествувавме во првите напади врз Иран и нема сега да се придружиме на офанзивните акции. Но, соочени со баражот од ракети и беспилотни летала на Иран, ние ќе ги заштитиме нашите луѓе во регионот. Претседателот Трамп не се согласува со нашата одлука да не се вклучуваме во нападите, но моја должност е да проценам што е во британски национален интерес. Тоа и го направив и стојам зад тоа, им рече Стармер на пратениците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стармер: Трамп не се согласува со нашата…
Британскиот премиер Кир Стармер го бранеше пристапот…
Се вршат разговори и се прибираат докази…
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство…
Професорот Пајазити: Македонците имаат десет причини да…
Професорот по евроинтеграции на Државниот универзитет во…
„Ќе ги погодиме сите американски бази во…
Во време на растечки тензии меѓу Иран…
Шок во светот: Кина застана позади Иран!
Во екот на продлабочениот конфликт на Блискиот…