Старо Нагоричане: Жителите пријавувале проблеми со семејството, населението сè уште е во страв

t

Сè уште став и неверување во Старо Нагоричане. Малото, мирно рурално подрачје стана актуелно во државата по најлошото.

Жителите на Драгоманце но и околните села, во шок од двете потврдени убиства на повозрасни жени, сè уште се под клуч. Дел од оние коишто се охрабрија да зборуваат пред камерата истакнаа дека сите во селото, надлежните, но и полицијата, знаеле дека имаат проблеми со семејството на осомничениот. Обвинуваат за напади и кражби.

„Јас како маж не, но жена ми е исплашена. Не смее да остане сама, вели јас веќе не седам сама во домот. Тој знам дека не бил кај Јовица, дечкото како заминал, некој го одвел, не може, ако не ми кажеш во оваа куќа нема луѓе оди кради, јас мислам дека имал поддршка“, вели Стојан Станковски, жител на Старо Нагоричане.

„Проблеми да не смееш да излезеш надвор имам лозје тука горе. 20 души седеа во продавница кога ме задави никој не смееше да реагира. Сите имаат не смеат да зборуваат“, дополни Трајче Спиридоновски, жител на Старо Нагоричане.

Побаравме да ја слушнеме и втората страна. Но, семејството на осомничениот одби да зборува. Според нив 25 годишникот бил мирен и не ги направил делата коишто му се товарат. Потврдија дека имал здравствени проблеми. Во Драгоманце денес се движи полициска патрола. На тој начин се обидуваат да го намалат стравот кај населението, иако осомничениот е во 30 дневен притвор во Затвор Куманово. Деновиве треба да му се изврши психијатриска проценка. Тој е уапсен по убиството на 78-годишната жена од Челопек. И кај 35 годишната жена обдукцијата покажа дека починала од насилна смрт. Истрагата за убиствата продолжува. Поради сличноста обвинителството проверува неколку претходни смртни случаи, но засега не прецизираат бројка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема потреба законот да се повлече, вели…

Нема потреба законот да се повлече затоа…

Обраќање на Бегај во Собрание: „Коридорот 8…

Без отворени прашања, само пофални зборови за…

Мини реконструкција на владата – еве кои…

Две нови имиња се очекува да станат…

Сиљановска-Давкова повторно бара гаранции од ЕУ

Многупати сум чула за моменти што треба…