Стејт департментот издаде итно предупредување: Американците ширум светот се во опасност
Американскиот Стејт департмент денеска издаде соопштение во кое им препорачува на граѓаните на Соединетите Американски Држави ширум светот да „покажат зголемена претпазливост“ поради американските и израелските воени удари врз Иран.
„По започнувањето на американските борбени операции во Иран, Американците ширум светот, а особено на Блискиот Исток, треба да ги следат упатствата од најновите безбедносни предупредувања издадени од најблиската американска амбасада или конзулат“, се наведува во предупредувањето објавено на интернет-страницата на Стејт департментот.
Се додава дека е можно да дојде до нарушувања во патувањата поради периодично затворање на воздушниот простор на некои земји.
САД и Израел рано утрово извршија напади врз Иран во, како што е соопштено, „превентивни напади“, по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма. Потоа Иран изврши масовни удари како одмазда врз Израел, како и врз цели поврзани со САД во регионот на Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стејт департментот издаде итно предупредување: Американците ширум…
Американскиот Стејт департмент денеска издаде соопштение во…
(Видео) Трамп снимен како танцува во Мар-а-Лаго…
Само неколку часа пред американската војска да…
(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски…
Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека…
Пронајдено телото на Хамнеи?!
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е…
Се огласи Трамп: Сега имам две опции
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има…