Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има!
Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
„Ги има само во главите на Венко Филипче, Јон Фрчковски и на оние ликови кои што им останаа во СДСМ. Предвремени парламентарни избори нема“, вели Стоилковски.