Столтенберг: Украина да се согласи на привремени отстапки на територијата на Русија

t

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази уверување дека привременото отстапување територии на Русија ќе биде опција за брз крај на украинската војна.

„Потребна ни е линија за прекин на огнот и, се разбира, идеално таа треба да ги покрива сите територии кои Русија во моментов ги контролира, но гледаме дека тоа не е многу реално во блиска иднина. Украина би можела привремено да отстапи дел од своите територии за ова цел“, рече тој, пренесува Тагешау.

Столтенберг рече и дека е важно владата во Киев да добие безбедносни гаранции во замена за привремени територијални отстапки.

Според него, тоа би можело да биде членство во Алијансата, но има и други начини за вооружување и поддршка на Украинците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…