Стоп за растот на функционерските плати – предложени законски измени

t

Со Предлог-законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, се предлага намалување на коефициентите за пресметка на платите на функционерите, со цел да се спречи натамошниот непропорционален раст на нивните примања и да се усогласи системот со реалните економски услови во државата.

Според образложението на предлагачот, измените имаат за цел воспоставување правична и одржлива законска рамка, поголема транспарентност при исплатата на платите и порамномерна распределба на буџетските средства. Со новите решенија се предвидува намалување на највисоките коефициенти, кои директно влијаат врз висината на платите на носителите на највисоки државни функции.

Клучната измена предвидува коефициентите за утврдување на платите и надоместоците да се движат од 1,54 до 3,17, наместо досегашните 1,69 до 3,47. Со тоа се намалуваат коефициентите за претседателот на државата, претседателот на Собранието и претседателот на Владата, како и за други високи функционери, меѓу кои членови на Владата, уставни судии, гувернерот на Народната банка, народниот правобранител и други носители на јавни функции.

Намалување се предвидува и кај платите на заменик-министри, директори на државни институции и раководни лица именувани од Собранието, додека нови коефициенти се утврдуваат и за градоначалниците, зависно од бројот на жители во општината. Според предложените измени, коефициентите за градоначалниците ќе се движат од 1,90 до 2,60, а за градоначалникот на Град Скопје ќе изнесуваат 2,60.

Законот предвидува новите коефициенти да започнат да се применуваат со исплатата на платата за февруари 2026 година. Во образложението се наведува дека предложените измени нема да предизвикаат дополнителни финансиски импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија, ниту ќе создадат нови материјални обврски за институциите.

Предлагачот бара законот да биде донесен по скратена постапка, со образложение дека не станува збор за сложено или обемно законско решение.

Со предложените измени, властите настојуваат да одговорат на јавните реакции за висината на функционерските плати во услови на економски притисоци и растечки трошоци за живот, при што конечната одлука ќе ја донесат пратениците во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стоп за растот на функционерските плати –…

Со Предлог-законот за изменување на Законот за…

(Видео) Заврши распитот на Артан Груби: Вечерва…

Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби…

Центар го држи рекордот со највисока кирија…

Во втората половина од 2025 година биле…

(Видео) Голем број американски воени транспортери се…

Во последните неколку часа повеќе американски воени…