Сточарите се закануваат со протест доколку нема субвенции, надлежните со став – исплата има за исполнети услови
Сточарите се закануваат со протести доколку до 20 март не им бидат исплатени субвенциите. Според претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили, дел од одгледувачите се уште немаат добиено финансиска поддршка ниту за 2023 ниту за 2024 година, поради проблеми со законот за задолжително колење јагниња во кланица. Тој вели дека дополнителен проблем се и ветеринарните станици и кланиците кои не ги доставиле потребните забелешки. Забелешки им и тој и сточарите поради ниската откупна цена. Според нив реалната цена треба да биде 300 денари.
,,Гледаме дека од страна на директорката има интерес да не исплатат нас, но бараме и од министерството да ја поддржат и да ја исплатат што побргу. Ако нема исплата после 20 сти, ние сме организирани да излеземе на прoтест. Причината за несиплатеноста е поради задолжителниот закон што беше за заклано јагне во кланица. Тука имаат проблем и со ветернарните станици со кланиците што не доставиле забелешки. За жал има многу од вистинските сточари што им фалат по едно до десет јагниња, за тоа бараме да се најде решение. Цената е навистина слаба, многу ниска и на секоја страна сме во лоша ситуација. Цената од 230 до 250 денари е ниска, а треба да е 300.“, вели Џемаили
Директорката на агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Даниела Иротова на денешната средва со сточарите во карбинско, стоеше со ставот дека сите сточари кои го исполниле условот, ги добиле средствата за претходните години. За 2025 таа кажа дека се уште се обработува и дека истата ќе ја достават до министерствотот за финансии, кои ги диктираат средствата
,,Се обидувам да направам една динамика на исплата на редовно сервисирање на обврските, иако морам да признаам дека ние бевме затекнати со обврски кои што не беа исплатени 2023, 2024 и 2025 цела програма не е исплатена. Се обидуваме во рамки на можностите на буџетот кои што го имаме да ги испалтиме сите пред се заостанати обврски со тоа што сега за сега само еден месец 30 дена кои што во овој период исплативме 1 милијарда и 400 000 денари заостанати обврски и во трезор имаме доставено уште 540 милиони денари, кои што може и дел од нив можат да се испалтат до крајот на месецот. Продолжуваме со динамиката како што ги исплативме овоштарите и градинарите за Св. Трифун. Во реговори сме со висината на средствата кои што ги имаме да испалтеме мерки кои што претежно биле засегнати и немаат со години земано субвенции, така група се сточарите, кои што беа во 2024 та со мерката.“, рече Иротова
Карбинскиот градоначалник Виктор Паунов од лицеместо на средбата кажа дека средбата е исклучително важна за да се разговара отворено. Тој очекува институциите преку различни мерки да допринесат подобри услуги змејоделците и сточарите.
Во координација со централните институции Општината останува она располагање во интерес на земјоделците, се што е во нивни можности за постигнување подобри резултати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сточарите се закануваат со протест доколку нема…
Сточарите се закануваат со протести доколку до…
Одете пеш: Данска ги повикува граѓаните да…
Министерот за енергетика на Данска ги повика…
Цената на нафтата пак надмина 100 долари,…
Ни одлуката на 32 земји-членки на Меѓународната…
ДУИ: Кога во Владата има заробен и…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати директни…
19 годишен скопјанец со мопедот удри во…
МВР информира дека синоќа околу 18:40 часот…