Стојанче Ангелов: Го оправдувам американскиот напад врз Иран
Директорот на ДЗС и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, го искажа своето мислење за нападите од страна на Америка на Иран.
Тој вели дека го оправдува нападот, поради суровиот режим кој владее во Иран.
-Замислете кога една таква власт како што е иранската би имала на располагање нуклеарно оружје? Која би била безбедноста на светот? Целосно го оправдувам нападот на САД заедно со Израел и времето ќе покаже што се имал Иран од вооружување. Досега сме изненадени од жилавоста на Иран – тоа го говори и фактот што погодија остров кој е оддалечен 4000 километри со ракети со долг дострел, изјави Ангелов во своето гостување во емисијата „Аргумент плус“.
Ангелов е роден на 15 септември 1972 година во Штип. Таму завршил основно и средно училиште, а потоа во Скопје завршил Факултет за безбедност. Се вработил во МВР како приправник за полицаец во Штип. Во март 1996 година почнал да работи во специјалната полиција, каде што околу една година бил полицаец, две години командир на одделение, две години командир на вод, а потоа бил преместен во Радуша, каде бил водич на сектор.
Во Радуша го зафатил почетокот на вооружените дејствија во 2001 година. Кога се случил нападот на тетовското Кале, бил испратен како командант во посебните единици во Тетово, каде останал околу три месеци. Потоа станал заменик командант на Тигрите. Бил учесник во Битката кај Арачиново, каде што бил и ранет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стојанче Ангелов: Го оправдувам американскиот напад врз…
Директорот на ДЗС и претседател на партијата…
Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа свика итен…
ССМ со бројки: Над 350 илјади работници…
„Следниот пат кога политичар ќе се фали…
Тошковски: „Животот нема рестарт – оружјето не…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Иран: Без преговори, ќе се бориме до…
Откако ги отфрли тврдењата на американскиот претседател…