„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп за „Одборот за мир“

t

Од Владата ни изјавија дека „до овој момент“ до премиерот не е стигната таква покана, а досега не се огласи ниту Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Иако власта повеќепати се фалеше дека е во периметарот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, Македонија досега не се најде доволно блиску за да добие покана за учество во таканаречениот „Одбор за мир“. Од Владата ни изјавија дека „до овој момент“ до премиерот не е стигната таква покана, а досега не се огласи ниту кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Од регионот покана нема Србија, а Косово, иако го немаше во првичниот список, вчера даде поддршка на Одборот. Претседателката Вјоса Османи се пофали со поканата и објави дека „Америка помогнала за мир на Косово, па сега Косово стои цврсто како сојузник на Америка…“. Поканата безрезервно ја прифати Белорусија, а италијанската премиерка Џорџа Мелони, според тамошните медиуми, „бара начин како да се извлече од ситуација“, иако првично го поздравила повикот. Меѓу оние што добиле покани се и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, албанскиот премиер Еди Рама и словенечкиот премиер Роберт Голоб.

Според информациите од земјите што ја потврдиле поканата од Трамп, како и од објавите на социјалните мрежи, на списокот што не е конечен се следните земји: Албанија, Аргентина, Австралија, Австрија, Бахреин, Белорусија, Бразил, Канада, Кипар, Косово, Египет, Европска комисија, Финска, Франција, Германија, Грција, Хрватска, Унгарија, Индија, Индонезија, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Јордан, Казахстан, Кина, Мароко, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Оман, Пакистан, Парагвај, Полска, Португалија, Катар, Романија, Русија, Саудиска Арабија, Сингапур, Словенија, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тајланд, Турција, Обединети Арапски Емирати, Обединето Кралство, Украина, Узбекистан, Виетнам.

За „Висок претставник на Одборот за мир“ е именуван бугарскиот дипломат Николај Младенов и тој треба да го надгледува преминот на власта од Хамас кон палестинска администрација на технократи предводена од Али Шат, поранешен заменик-министер на Палестинската самоуправа.

Белата куќа, исто така, објави формирање Извршен комитет за Газа, кој ќе соработува со Канцеларијата на високиот претставник и палестинската технократска администрација наречена Национален комитет за управување со Газа.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп…

Од Владата ни изјавија дека „до овој…

(Видео) Николоски: Сите државни патишта се проодни…

Сите државни патишта се проодни низ цела…

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата…

Добар ден Македонијо, повторно од овде во…

Бојан Маричиќ предложен за претседател на ДИК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки…

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за…