Струмичанец затекнат како краде во црква

t

На 17.03.2026 во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Х.(26) од Струмица. Тој е затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари. Тој со употреба на сила влегол во црквата, а откако било пријавено полициските службеници го затекнале на местото и лишиле од слобода. Со него бил и неговиот малолетен син, по што е известен Центарот за социјални работи Струмица, кој го предал детето на неговата баба. С.Х. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во католичка црква во Нови Сад…

Пожар избувна утрово на страничниот влез во…

(Видео) Пожарот зафати гробишта и дел од…

Пожарот зафати дел од црква и гробишта…

Албански државјанин „оперирал“ во автобуси на ЈСП…

Полицијата вчера го приведе Ц.Ш. (47) од…

МВР потврдија: Приведени се луѓето кои ја…

Две лица се приведени попладнево во просториите…

Претрес во велешко Сојаклари, едно лице е…

На 05.06.2024 во 23.45 часот, полициски службеници…