Студен бран утре во Македонија, минималната температура ќе биде -13 степени
Многу студено време во Македонија се очекува од утре. Во утринските часови во одредени делови во државата се очекуваат температури и до -13 степени, информираат од УХМР.
„Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.“, велат од УХМР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студен бран утре во Македонија, минималната температура…
Многу студено време во Македонија се очекува…
СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои…
Од СДСМ му реплицираат на лидерот на…
Македонското МНР го осуди инцидентот со кршењето…
Министерството за внатрешни работи информираше дека инцидентот…
ДИК објави првични неофицијални резултати од гласањето…
Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните…
Мадуро испрати порака од затвор: Ќе продолжиме…
Николас Мадуро Гера, син на уапсениот венецуелски…