Студентите на Филозофски добија бесплатен интернет во дел од факултетот
„Зона со бесплатен интернет“, која не ја ни покрива целата зграда, денеска беше пуштена во употреба во дел од Филозофскиот факултет на УКИМ, а Министерството за дигитална трансформација соопшти дека за целосното воведување на факултетот во модерната ера, издвоило вкупно 10 милиони денари (околу 160.000 евра). Според најавите, „во наредниот период интернет треба да добијат и сите предавални, амфитеатрите, библиотеките и кабинетите“.
Во соопштението се вели дека министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска „остварил работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со деканот, проф. д-р Оливер Бакрески, потпишале Меморандум за соработка и ја претставија новата бесплатна интернет-зона наменета за студентите“.
„Можам да најавам дека ова е првата ваква зона која Министерството за дигитална трансформација ја обезбедува од сопствени средства. Вакви зони ќе предвидиме и во студентските домови каде што постои потреба, како и на останатите факултети и универзитети. Најмногу се фокусираме на просторот каде што се присутни најмногу студенти и професори“, изјави Андоновски.
Министерот и ова го поврза со проектот за ваучерите за електронски уреди за студенти, и рече дека со овие два проекти „се овозможува надминување на дигиталниот јаз којшто постои меѓу студентите“.
Андоновски рече дека сакале со ова да почнат од студентските домови, но сфатиле дека таму веќе постои бесплатен безжичен интернет, па продолжиле со факултетите. Иако тие се обврзани самите да постават бесплатен интернет, дел од нив, според Андоновски не се во можност, па затоа министерството им помага.
На новинарско прашање за тоа каков импакт ќе има оваа мерка, ако за споредба минатата недела во Универзитетот „Мајка Тереза“ беше промовиран асистент со вештачка интелигенција, а во Албанија има дури и виртуелна министерка, Андоновски рече дека потегот на „Мајка Тереза“ е за поздравување, а албанската министерка ја оквалификува како „маркетинг“.
Деканот Бакрески му се заблагодарил на министерството и рекол дека ова „особено им значи пред големиот јубилеј – 105 години од основањето на Филозофскиот факултет, пишува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите на Филозофски добија бесплатен интернет во…
„Зона со бесплатен интернет“, која не ја…
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил…
Во текот на вчерашниот ден на улицата…
Ердоган: Нападите врз танкерите во Турската зона…
Нападите врз танкерите во ексклузивната економска зона…
Пронајдени се петмина мигранти, приведени двајца криумчари
На 30.11.2025 околу 20:00 часот во атар…
Земјоделците и денес ги блокираа патиштата во…
Протестите на незадоволните грчки земјоделци поради доцнењето…