Судии и обвинители во Белград протестираа против политички притисоци
Судии, обвинители и адвокати од цела Србија денеска се собраа пред Уставниот суд и Правниот факултет во Белград за да протестираат против, како што велат, политичките притисоци врз судството.
Причината за протестот беше забраната на обвинител од Првото основно јавно обвинителство во Белград да изврши увид по инцидент во шаторската населба „Ќациленд“ пред српскиот парламент, каде престојуваат поддржувачи на власта. Дополнителен повод се најавените измени на законот за Обвинителството за организиран криминал, со кои ова обвинителство би станало дел од Вишото јавно обвинителство.
Присутните на протестот истакнаа дека ваквите законски измени би ја ограничиле автономијата и независноста на Обвинителството за организиран криминал и корупција, што, според нив, е јасен сигнал дека државата се откажува од институционалната борба против организираниот криминал.
Протестот заврши пред Правниот факултет во Белград со 16-минутен молк во чест на жртвите кои го загубија животот при падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судии и обвинители во Белград протестираа против…
Судии, обвинители и адвокати од цела Србија…
Европските случаи ја откриваат мрачната слика на…
Додека Владата и ВМРО-ДПМНЕ се обидува невешто…
Еуроњуз објави за планот за мигранти: Велика…
Нелегалните мигранти од Велика Британија би можеле…
Кој му дал дозвола на Мицкоски да…
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…
СДСМ: Бројот на Томовски е наведен како…
„Меѓу телефонските броеви за контакт што ги…