Судиите и обвинителите во Белград протестираат пред Уставниот суд против политички притисоци врз судството

t

Група судии и обвинители од цела Србија се собраа попладнево пред Уставниот суд во Белград, во знак на протест против политички притисок врз судството.

Како што најавија претходно, протестот се одржува првенствено затоа што на обвинителка од Првото основно јавно обвинителство во Белград не и беше дозволено да спроведе истрага по инцидент во шаторската населба пред Собранието.

Група судии и обвинители од цела Србија ги повикаа судиите, обвинителите, адвокатите, студентите и граѓаните да протестираат против, како што велат, политичките притисоци врз судството, и поради најавените измени во законот во врска со Обвинителството за организиран криминал.

Голем број луѓе се собраа пред Уставниот суд, каде што протестот започна со интонирање на националната химна.

Судиите и обвинителите се поддржани од граѓани и студенти, а собраните луѓе носат знамиња на факултети, собири на граѓани и дуваат со свирчиња и вувузели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судиите и обвинителите во Белград протестираат пред…

Група судии и обвинители од цела Србија…

(Видео): Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нови…

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба,…

Обид за државен удар во Бенин: војска…

Група војници во западноафриканската држава Бенин, која…