Судијата Ристов парите ги криел зад плочка во кујната, полицијата откри како му ги нашла
Судијата од скопска Апелација Ѓоко Ристов ќе одговара за противправно стекнување и прикривање имот, откако завчера полицијата и истражителите на ОЈО ГОКК му најдоа 350.000 евра скриени во дупка од ѕид во домот на неговите родители.
„Против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поднесена е кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ. Ѓ.Р., во својство на службено лице- судија во Апелациониот суд Скопје, во временскиот период од 10.02.2020 до денес, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена дал лажни податоци за својот имот и имот на неговото семејство, кој имот во големи размери ги надминува неговите законски приходи“, пишува во соопштението.
Полицијата откри како била пронајдена големата сума пари во домот на родителите на Ристов во Неготино.
„Притоа, на 18.01.2026, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во координација со предметен јавен обвинител извршен е претрес во домот на неговите родители лоциран во Неготино, каде на првиот кат, поточно во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување на градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на една ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои пронајдени се вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра“, пишува во соопштението од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судијата Ристов парите ги криел зад плочка…
Судијата од скопска Апелација Ѓоко Ристов ќе…
Одземен имунитетот на судијата Ристов, одобрен куќен…
На денешната итна седница, Судскиот совет со…
Kaко мед: Новиот директор на Агенцијата за…
Левица информира дека за нов директор на…
ИТНА СЕДНИЦА: Судскиот совет ќе одлучува за…
Судскиот совет на Република Северна Македонија зa…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…