Судската администрација протестира: Одлагањето на јубилејните награди „ја прелило чашата“

t

Судската администрација во дел од судовите денеска најави прекин на работа, револтирана од одлуката средствата од судскиот буџет наместо за додатоци и јубилејни награди на вработените да се трошат за тужби поднесени од судии, објави 4NEWS.mk

Претседателот на синдикатот УПОЗ, Трпе Деаноски, истакна дека незадоволството е акумулирано со години поради ниските плати и неисплатените додатоци, а последната одлука за одлагање на исплатата на јубилејните награди „ја прелило чашата“.

„Уште во петокот, веднаш по донесувањето на одлуката, нашите членови се подготвија да прекинат со работа. Сметаат дека е неосновано средства од буџетот да се користат за исплата на тужби на судии, додека администрацијата да остане без свои законски права. Дополнително, судиите добиваат исплата по спогодби за кои претходно потпишале дека нема да тужат“, додаде Деаноски.

Синдикатот бара итно решавање на проблемот и исплата на јубилејните награди за вработените, нагласувајќи дека протестот ќе трае додека не се постигне решение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светските медиуми за собирот во Нови Сад:…

Светските медиуми како што се „Ле Монд“…

Протест пред Градското собрание во Ниш: Демонстрантите…

Студентите и граѓаните на Ниш вечерва протестираа…

Протест во Хрватска поради посетата на израелскиот…

Во вторникот, за време на посетата на…

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…

Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…