„Таа е од село, да си се групираме градски!“: Заменик-директор вознемирувал наставничка

t

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека заменик-директорот вознемирувал наставничка по физичко затоа што потекнувала од рурална средина, а според заменик-директорот „требало вработените да си се групираат градски“.

Одлуката објавена на страницата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација открива дека тој изјавил:

За неа нема часови овде, таа е од село, нека си оди на село, таму ѝ е местото. Овие часови ќе му ги дадеме на друг наставник, тој е наше дете, да си се групираме градски!

Иако тој негирал дека ги искористил овие зборови за деградација на вработената, сепак пријавителката донела пишана изјава од сведоци.

Во прилог на претставката била доставена своерачно потпишана изјава од вработен во училиштето која ги потврдува наводите во претставката дека во разговор меѓу вработени во училиштето, од страна на заменик-директорот било наведено дека „таа треба да оди на друго место, а овде треба да дојде колегата кој е градско дете, а таа е селско дете и ѝ прилега да е во село“.

Комисијата утврди дека ова поведение е вознемирување, односно несакано постапување кон лице или група лица врз дискриминаторски основ со цел повреда на достоинството или создавање заканувачка, непријателска или застрашувачка средина, пристап или практика.

Оваа изјава кај наставничката по физичко предизвикала вознемирување затоа што таа потекнува од рурална средина и повредено ѝ било достоинството во работната средина. Заменик-директорот, според Комисијата, не го побил тврдењето во претставката за заштита од дискриминација, но навел дека „не дал навредувачка или омаловажувачка изјава кон ниеден колега“.

Комисијата му препорача на заменик-директорот писмено да ѝ се извини на наставничката по физичко за вознемирувачките изјави во врска со нејзиното потекло во рок од 30 дена и за извинувањето да ја извести Комисијата. Во спротивно Комисијата ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Таа е од село, да си се…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Само 8 проценти од Ромките се вработени,…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

ЕСЧП отвори предмет за дискриминација на Апасиев…

ЕСЧП отвори предмет за дискриминација на Апасиев…

ДКСК го дискриминирала Апасиев, утврди Комисијата за…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Децата во Газа се враќаат на училиште…

Децата во градот Газа, за првпат по…