Објавено на:

Тажна вест: Почина Аце Стојанов, поранешен фудбалер и тренер

t

Вчера во Струмица на 53 годишна возраст почина поранешниот фудбалер на повеќе струмички и македонски клубови и тренер, Аце Стојанов.

Во својата кариера како фудбалер ги бранел боите на Тиверија, Беласица, Влазрими од Струга, Вардарски од Богданци и Хоризонт од Турново, каде последно ја извршуваше функцијата координатор на младинските школи на овој клуб.

И во својата долгогодишна тренерска кариера ги водеше Тиверија, Беласица, Нов Милениум од Сушица и Хоризонт од Турново, а покрај тоа беше и координатор на струмички фудбалски клубови.

Струмичките фудбалски клубови се простуваат од Стојанов, а ФК „Тиверија“ на својата фејсбук страница напиша:

„Беше голем човек и добар другар. Благодарност од Тиверија и фудбалска Струмица за твојот придонес“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Апасиев до власта: Не одите уште долго…

*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…