Таравари смета дека ќе има предвремени парламентарни избори, ама не знае кога
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за медиумите по 6-тото Собрание на партијата, зборуваше и за актуелната политичка состојба во земјата, пренесува ТВ21.
Таравари рече дека ќе има предвремени парламентарни избори, но без да прецизира кога.
„Не можам да кажам со сигурност, секој пат сум велел дека ова најмногу зависи од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи има 58 пратеници и му требаат 61 глас за да распише избори. Според она што го гледаме, иако премиерот декларативно вели дека нема да има предвремени избори, мојата политичка интуиција вели дека повторно ќе има предвремени избори. Не сакам да кажам кога, но мислам дека дефинитивно ќе дојдеме до ситуација каде што ќе има потреба од одржување предвремени парламентарни избори“, изјави Арбен Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…