Татко на повредено момче од Кочани со емотивна објава: Лазар од обезбедувањето цел црн од чад, видно изнемоштен и со тешко дишење влезе со мене да го бараме син ми!

t

Антонио Тасевски, татко на едно од повредените деца во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, преку својот Фејсбук профил се огласи и кажа што навистина се случувало таа кобна ноќ.

„Јас, татко на едно од повредените деца, чуствувам морална должност и обврска да и се обратам на целата јавост во врска со кобната ноќ во дискотеката Пулс.

Кога ми јавија дека диското се запалило и син ми Љупче не можат да го најдат, итно се упатив на лице место и таму веќе покрај многу народ имаше и полициско присуство. Ја паркирав колата и трчејки кон влезот на диското полицајци ми довикуваа дека не смеам да одам натаму.

На самиот влез на дискотеката го видов Лазар Захариев од обезбедувањето каком извлекува едно повредено дете и беше целиот црн од чад и видно изнемоштен и го прашав дали го има видено син ми Љупче и се упатив внатре во диското иако сеуште гореше. Лазе иако беше истоштен и тешко дишеше влезе со мене внатре да го бараме син ми.

Додека полицајци довикуваа да не влагаме, Лазе по којзнае кој пат таа вече си го ризикуваше сопствениот животот за да спаси уште едно дете. Тука во прва линија пред оганот беа и другите членови на обезбедувањето сите исцрнети вознемирени и истоштени. Според мене тие се херои и не им е местото во притвор“, вели Тасевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко на повредено момче од Кочани со…

Антонио Тасевски, татко на едно од повредените…

(Фото) Започна средбата Мицкоски-Филипче во Владата

Започна средбата меѓу Претседателот на Владата, Христијан…

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Качени на веспа удрија дете…

Качени на веспа удрија дете и побегнаа!…

Салиу: Се заканувате како премиер господине Мицкоски,…

*Објава на Фејсбук на новинарот Фуркан Салиу:…

Директорот не се напи од водата, но…

Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека…