Објавено на:

Таткото на Теодора: Зарем животот на мојата ќерка вредеше само две години затвор?

t

„Две години затвор за одземен живот не е порака за правда – тоа е порака дека системот не нè гледа сите еднакво“, вели таткото на 22-годишната девојка која беше смртно прегазена од возач на „БМВ“ во Тетово во 2022 година

Круме Ристевски, таткото на 22-годишната Теодора која беше смртно прегазена од возач на „БМВ“ на пешачки премин во Тетово во 2022 година, во објава на социјалните мрежи реагира откако беа донесени две пресуди со долгогодишни (13 и 11 години) за смртно прегазени пешаци.

49-годишниот возач кој ја прегази Теодора, Менсур Пајазити, откако на разни начини го одолговлекуваше судењето, во април годинава беше осуден на само две години затвор, што предизвика голем револт кај семејството на девојката. Максималната казна за предизвикување смрт во сообраќајна несреќа според нашиот Кривичен законик е 20 години затвор.

„Пред неколку дена читам дека за одземен човечки живот се изрекуваат 13 години затвор, денес слушам и 11 години затвор. И прашувам јавно? Зарем животот на мојата ќерка вредеше само две години? Барам правда. Иста правда за сите. Законите не смеат да се применуваат селективно. Солзите на еден татко во Тетово не се помалку болни од солзите на татко во Скопје. Детскиот живот нема град, нема националност, нема цена. Две години затвор за одземен живот не е порака за правда – тоа е порака дека системот не нè гледа сите еднакво“, пишува Круме Ристовски во писмото до јавноста.

Тој вели дека по пресудата досега молчел, но не затоа што му поминала болката, туку затоа што зборовите понекогаш тежат повеќе од солзите.

„Јас сум татко на Теодора. Дете кое го загубив засекогаш. Дете кое имаше иднина, соништа и живот што не смееше да заврши така. Теодора беше добар ученик, посветена и вредна. Беше добар студент на Машинскиот факултет. Имаше останато уште два испити — и ќе станеше машински инженер. Една млада личност што се бореше за својата иднина со знаење и труд. Молчењето не значи помирување. Молчењето значи дека болката зрее. И ќе продолжам да зборувам. Не од омраза — туку од љубов кон мојата Теодора и од надеж дека ниедно друго семејство нема да ја доживее оваа неправда“, вели Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Теодора: Зарем животот на мојата…

„Две години затвор за одземен живот не…

Ладен бран од север за новогодишната ноќ…

Новогодишната ноќ ќе ни донесе многу ладно…

Зеленски и Трамп разговараа три часа: Мирот…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател…

Пробиен уште еден рок за изградба на…

Иако беше најавено дека работите на автопатот…

(Видео) Кредит за „брза пруга“: На кого…

роцесот за избор на најдобра понуда за…