Тајланд и Камбоџа потпишаа договор за прекин на огнот, соопшти камбоџанското Министерство за одбрана
„Двете страни се согласија да го одржат сегашното распоредување на војници без понатамошно движење“, соопштија министерствата за одбрана на двете земји во заедничко соопштение. Прекинот на огнот ќе стапи на сила денеска напладне по локално време.
„Секакви засилувања ќе ги зголемат тензиите и негативно ќе влијаат на долгорочните напори за решавање на ситуацијата“, се вели во соопштение на камбоџанското министерство за одбрана објавено на социјалните медиуми.
Со договорот, потпишан од тајландскиот министер за одбрана Натафон Накфанит и неговиот камбоџански колешка Теа Сејха, завршуваат 20-дневните борби во кои загинаа најмалку 101 лице и беа раселени повеќе од половина милион од двете страни на границата.
Судирите почнаа повторно на почетокот на декември откако американскиот претседател Доналд Трамп посредуваше за претходниот прекин на огнот во јуни.
Во меѓувреме, Камбоџа го обвини Тајланд дека денеска извршил воздушен напад во северозападниот дел на земјата, токму кога двете страни продолжуваа да преговараат за прекин на огнот.
Министерството за одбрана на Камбоџа соопшти дека Тајланд распоредил борбени авиони Ф-16 за да фрли четири бомби врз цел во Сереј Саопхоан во северозападната покраина Бантеј Минчи утрово.
Камбоџа вчера соопшти дека за време на напад исфрлила 40 бомби врз цел во селото Чок Чеј во истата покраина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тајланд и Камбоџа потпишаа договор за прекин…
„Двете страни се согласија да го одржат…
Тајланд продолжува со бомбардирање на Камбоџа и…
Камбоџа денеска соопшти дека Тајланд продолжил да…
Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа
Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа, по…
Конфликтите меѓу Тајланд и Камбоџа се шират,…
Неодамнешните судири меѓу Тајланд и Камбоџа се…
Тајланд ќе го рекриминализира канабисот
Тајланд ќе го рекриминализира канабисот Потегот за…