Објавено на:

Тајни преговори меѓу Катар и Иран за време на војната, тврдат американски извори

t

Катар за време на војната водел тајни преговори со Иран, нудејќи помош за потресување на светските енергетски пазари со цел Техеран да го поштеди неговото стратешки важно гасно поле Рас Лафан, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски претставници.

Според весникот, Иран не дал цврста гаранција дека нема да ја нападне постројката која обезбедува околу една петтина од светските резерви на природен гас. Сепак, катарските власти верувале дека можат да постигнат премолчен договор со Техеран.

Наводно, Доха понудила привремено да го запре производството на гас, што би предизвикало потреси на глобалните енергетски пазари и би создало дополнителен притисок врз САД и Израел. Производството во постројката навистина било прекинато на третиот ден од војната.

Американски претставници тврдат дека ЦИА и високи функционери од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп биле запознаени со катарската понуда до Иран. Информациите ги добиле преку пресретнати комуникации на ирански претставници за време на американски надзорни операции.

Според „Вашингтон пост“, Иран во март сепак ја нападнал постројката. Во нападот биле уништени делови од објектот и клучна инфраструктура која сочинува околу 20 проценти од неговото производство на течен природен гас, со што биле доведени во прашање меѓународни договори вредни повеќе милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тајни преговори меѓу Катар и Иран за…

Катар за време на војната водел тајни…

ВМРО-ДПМНЕ: Уставните измени не се последна, туку…

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека уставните измени не…

Арагчи: Иран е победник во војната, договорот…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…

Охриѓанецот Кадри Селман продолжува да го разубавува…

Охриѓанецот Кадри Селман во пресрет на летото…

Забрането капење на една од омилените плажи…

Воведена е привремена забрана за капење на…