ТВ Арена Спорт крева раце од Македонија!

Како што дознаваме регионалниот ТВ гигант Арена Спорт ќе го раскине договорот со ФФМ и веќе нема да биде присутна во фудбалска Македонија. Ова доаѓа поради се она што досега се случуваше во мак – фудбалот, посебно во ПМФЛ каде досега се изнагледавме “циркус“ а не фудбал. ТВ куќа од Србија се гледа како оштетена страна и затоа ќе го раскине постоечкиот договор кој го има со нашата Фудбалска федерација.
Интересно е тоа што и во изминатите осум кола од новата сезона досега немаше преноси од нашата елитна лига, а требаше да ги врши Арена Спорт, но нејзе не и биле интересни и затоа немаше мак-фудбал, ниту на МТВ која ги преземаше преносите од Арена Спорт и ги презентираше на Националниот сервис.
Инаку во изминатите три сезони можевме да гледаме мак – фудбал на тој начин, преку Арена Спорт и МТВ. Сега веќе нема да биде така, барем извесно време.
Засега останува можноста да се следат преносите на Вардар и Брера, кога и двата клуба се домаќини и тоа преку ТВ Спортклуб, исто така регионален ТВ гигант.
Едноставно ТВ Арена Спорт не сака да се занимава со “циркусот“ во ПМФЛ, затоа и си оди од фудбалска Македонија.
Извор: sportsport.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…