ТВ24: ВМРО-ДПМНЕ го добива здравство и ЕУ, правда оди кај Вреди, ЗНАМ ќе треба да се задоволи со земјоделство

t

Здравство за правда , ЕУ интеграции за спорт , социјала за култура, дополнително и местото на Иван Стоиљковиќ во министерството за односи со заедниците – ова според информациите на ТВ24 е начално дефинирано по вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски и двоецот Изет Меџити и Билал Касами. 

Како што пренесува телевизијата, долнително кај Влен остануват и економија и животна средина кои воопшто не влегле во преговорите за ротации. Иако од Вреди инстирале на образование сепак од ресорот, но и од Весна Јаневска , премиерот бил дециден дека нема намера да се откаже. 

Вицепремиерското место за добро владеење оди кај Мицксоки, дополнително останува и вицепремиерското за политички систем, како и без ресорното за Шабан Салиу, кој според информациите на ТВ 24 се очекуа дефинитивно да биде сменет , нешто што премиерот го најави уште откако Салиу беше обвинет за пожарот во Кочани.

Ова значи дека како што вчера објави ТВ 24 освен Фатмир Лимани, Игор Филков и Арбен Фетаи од Илинденска број 2 си одат Борко Ристевски, Зоран Љутков и најверојатно Азир Алиу, додека Беким Сали се очекува да ротира. Неизвесно е дали премиерот ќе му се заблагодари на Иван Стоиљковиќ или ќе добие нова понуда. Според извори на ТВ 24 сепак иако во Влен веќе планираат експерт за правда , функционер од ВМРО ДПМНЕ вели дека правда е се уште во вакум позиција, иако според него поблиску е да оди кај ВЛЕН, отколку кај нив . Според истиот функционер во реконстрираната Влада на Мицкоски ќе има место и за Демократската партија на Турците . Од друга страна вечерва на средбата со Максим Димитриевски, како што вчера објави ТВ 24 на маса ќе му биде понудата за земјоделство., ресор од кој поради приватни причини ќе си замине и Цветан Трипуновски. За неговата готелја веќе се споменува името на државниот секретар во министерството . Официјално од сите партии само велат дека преговорите се во тек. Мицкоски најави дека очекува на 1 јули предлогот да влезе во Собрание. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТВ24: ВМРО-ДПМНЕ го добива здравство и ЕУ,…

Здравство за правда , ЕУ интеграции за…

Путин и руските претставници бараат целосна капитулација…

И покрај изјавите за подготвеност за мировни…

САД и Израел мора да одговараат за…

Шефот на иранското правосудство, Голам-Хосеин Мохсени Еџеи,…

ДУИ: Две години измами, нула резултати

Две години по доаѓањето на власт на…

За три месеци надворешниот долг порасна за…

На крајот на првиот квартал од годинава,…