Тешка сообраќајна несреќа кај Кучевиште – едниот возач загина, другиот е тешко повреден

t

65-годишен скопјанец загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на локалниот пат с.Кучевиште – с.Кучевишка Бара.

Според информациите од МВР, во несреќата повреден е и 57-годишен маж.

„На 17.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 15:20 часот на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од село Кучевиште, скопско. На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, информираат од полицијата.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа кај Кучевиште – едниот…

65-годишен скопјанец загина во тешка сообраќајна несреќа…

Прегазен тинејџер во Пробиштип

МВР информира дека вчера рано наутро во…

Автомобил удрил во 4-годишно дете, со тешки…

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено…