Тешка сообраќајна несреќа: Пешак се бори за својот живот – ова се деталите!

t

Тешка сообраќајна несреќа ја вознемири јавноста во гостиварскиот регион, откако 69-годишен маж беше прегазен од патничко возило на регионалниот пат Гостивар – село Градец. Инцидентот се случил во населбата Млаки, а повредениот со исклучително тешки телесни повреди итно бил пренесен во болница, каде лекарите се борат да му го спасат животот.

Од СВР Гостивар информираат дека несреќата била пријавена вчера околу 16:05 часот. Според првичните информации, патничко возило марка „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од С.Ј. (46) од селото Врапчиште, удрило во пешакот Б.С. (69), кој се движел по коловозот.

Ударот бил силен, по што пешакот се здобил со сериозни повреди опасни по живот. Тој веднаш бил пренесен во здравствена установа, каде што медицинскиот персонал презема интензивни мерки за негово стабилизирање.

На местото на несреќата увид извршиле полициски екипи, а за настанот бил известен и надлежен јавен обвинител. Во тек се активности за целосно расчистување на околностите и причините кои довеле до оваа тешка сообраќајна несреќа.

Од полицијата повторно апелираат до возачите да бидат крајно внимателни, особено на регионалните патишта и во населени места, каде што пешаците се најранливи учесници во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа: Пешак се бори за…

Тешка сообраќајна несреќа ја вознемири јавноста во…

Грипот го наполни „Козле“: 800 деца прегледани…

Сезонскиот грип го достигна својот пик, претворајќи…

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Бадникникови празнувања: Посна трпеза, „мрсни“ цени

Коледарските песни уште од рано утрионава одекнуваа…

Каква иронија- Москва: Венецуела треба сама да…

Руското МНР денес соопшти дека го поздравува…