Тод Бланч: Цел на напаѓачот биле Трамп и членови на неговата администрација
Вршителот на должноста државен обвинител на САД, Тод Бланч, изјави дека истражните служби веруваат дека цел на човекот што пукаше за време на вечерата на претседателот Доналд Трамп со дописниците од Белата куќа, биле претставниците на администрацијата, но и самиот претседател.
– Се чини дека навистина цел му биле луѓето што работат во администрацијата, веројатно вклучувајќи го и претседателот, рече Бланч за NBC News. Бланш додаде дека осомничениот за нападот веројатно патувал со воз од Лос Анџелес до Чикаго, а потоа оттаму до Вашингтон.
Главниот обвинител, исто така, изрази увереност дека посетата на британскиот крал Чарлс III на Вашингтон ќе се реализира и ќе помине во целосна безбедност.
Крајот Чарлс III треба да ја започне државната посета на Соединетите Држави утре попладне по американско време.
Од Бакингемската палата соопшти дека кралот Чарлс III е информиран за пукањето на гала вечерата и е среќен што што претседателот и првата дама се неповредени.
Притоа се посочува дека се водат интензивни дискусии за тоа како инцидентот би можел да влијае на посетата на британскиот крал на САД.
– Дискусиите се во тек во текот со американските колеги и нашите соодветни тимови до кој степен настаните од саботата навечер би можеле или не да влијаат на оперативното планирање на државната посета на кралот, која треба да започне утре попладне во Вашингтон, соопшти Бакингемската палата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тод Бланч: Цел на напаѓачот биле Трамп…
Вршителот на должноста државен обвинител на САД,…
Осум пијани возачи во Скопје – едно…
Во текот на изминатата вечер (25/26.04.2026), во…
РКЕ решава за цените на горивата –…
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе донесе…
Николоски: Ако не се краде, има пари…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Кузеска: Сè што Маѓар сега го разоткрива…
Сè што Маѓар сега го разоткрива во…