Томовски собра ДВАЕСЕТ одбрани за Битигхајм
Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски имаше уште едно „ѕверско“ издание во дресот на новиот клуб – Битигхајм-Метерцимерн. 28-годишниот чувар на мрежата имаше незаборавно деби во втората Бундеслига, откако беше најзаслужен во својот тим во победата на гости кај Елбфлоренц.
Томовски натпреварот го заврши со неверојатни дваесет интервенции и дури 47% на успешни одбрани.
Поранешниот голман на Вардар 1961 и Металург имаше забележителен настап и на отворањето на Купот на Германија, откако со шеснаесет одбрани беше најдобар поединец за Битигхајм во победата над неговиот поранешен клуб Потсдам .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да му помогнеме на малиот Мартин кој…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
Хуманитарна акција “Сите за Мартин”: Доброволци со…
На социјалните мрежи македонските граѓани се мобилизираат…
Томовски останува прв чувар на мрежата на…
Вардар го составува тимот за идната натпреварувачка…