Томовски: Точно е дека фалело храна и пијалоци во владините бифеа

t

Прехранбени залихи од 70.000 евра што ги имало на хартија во владините бифеа, ги немало во реалноста. Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, по објавениот извештај на Државниот завод за ревизија,денес изјави дека се води постапка за овој случај.

– Има некакви разлики,тоа е точно. Не би сакал понатаму да навлегувам, затоа што има некоја постапка што ја води Бирото за јавна безбедност при МВР, така да оставиме институциите да го разрешат овој случај. После тоа можеби ќе дадеме заедничка изјава, рече Томовски.

Пописот од 2024 година покажал разлика помеѓу сметководствената и фактичката состојба од 4,2 милиони денари, констатира Државниот завод за ревизија во Ревизорскиот извештај за работата на владината Служба за општи и заеднички работи во 2024.

Во службата им одговориле на ревизорите дека храната се евидентира автоматски во софтверот.

„Не е воведено правило за пресметка за кало и растур согласно официјалната номенклатура за кало и растур изразена во процентуална вредност на секој вид на храна поединечно од која може да произлезат разлики во вредноста на прехранбените производи во главниот магацин и кујните“, им одговориле од СОЗР на ревизорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Томовски: Точно е дека фалело храна и…

Прехранбени залихи од 70.000 евра што ги…

Левица: Мајчинството не смее да биде причина…

На утрешната собраниска седница, на дневен ред…

Томовски: Потребна е набавка на нов државен…

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Меморијален марш во Македонска Каменица – „Кети…

Хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ на 12 февруари…

Разбиена криминална организација во Грција за нелегално…

Во организирана операција во неколку региони, грчката…