Тошевски: Ги посветувам головите на настраданите во Кочани

t

Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски денеска постигна хет трик за својот тим Аустриа Клагенфурт на гостувањето кај Хартберг и на тој начин буквално сам што се вели го победи ривалот.

Триумфот од 2:3 е дело на нашиот напаѓач, кој очигледно дека во Австрија ја пронајде својата идеална фудбалска средина и почна да го покажува својот полн голгетерски потенцијал.

-Навистина се чувствувам супер. Голем, огромен момент за мене. Од повеќе аспекти. Голгетерски, затоа што очигледно дека ми „тргна“ што се вели, мотивациски затоа што ова ќе ми биде само потстрек за уште повеќе да се залагам на терен, и конечно играчки што докажувам дека сум на ниво да се носам со оваа силна конкуренција, рече Давид Тошевски по денешните три гола, пренесе СпортСпорт.

„Ја зедов топката со мене. Спомен секако. Тешко ми е да зборувам во овие моменти за некаква радост. Во мислите ни се сеуште на сите настраданите во Кочани. Головите им ги посветувам нив. И на оние кои што не се повеќе со нас, и на оние кои што се опоравуваат. Сочувство уште еднаш до семејствата, до сите оние кои загубија некого“, изјави за Спортспорт, Давид Тошевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошевски: Ги посветувам головите на настраданите во…

Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски денеска постигна хет…

Данската премиерка Мете Фредериксен идната недела ќе…

Данската премиерка Мете Фредериксен ќе го посети…

(Видео) Медицински сестри спасуваат новороденчиња за време…

На социјалните мрежи се појави видео во…

Не работи системот за јавни набавки –…

Неколку дена системот за Јавни Набавки при…

ЕЦБ: Банките од еврозоната мора да се…

Банките од еврозоната се отпорни, но треба…