Тошковски: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе

t

Тошковски за Дневникот на МТВ: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите
МВР

Во денешното гостување во Дневникот на МТВ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека системот Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните, туку системот е да спаси човечки живот плус.

„Во изминатиот период имаше огромен број на забелешки затоа што во првичниот период немаше толеранцијата во рамки на опоменувањето на граѓаните и воведовме толеранција која што беше важечка во рамки на важечка легислатива од 6 км/ч кога управувате мотторно возило до 100, а над 100 тогаш 8км/ч. Правилникот кој е во надлежност на Министерството за енергетика, во консултација со екперти, професори, со луѓе од министерството за енергетика и од Министерството за внатрешни работи се измени овој правилник и стапи во сила во текот на вчерашниот ден со тоа што сега за брзини до 50км/ч останува како што беше и претходно, толеранција од 6км/ч. Тоа значи дека ако возите моторно возило таму каде што имаме знак од 30 км/ч, со 36км/ч камерата нема да ве евидентира за сторен сообраќаен прекршок, туку ќе ве евидентира од 37км/ч. Од 50 до 100 км/ч толеранцијата законски согласно новиот правилник е 9км/ч, тоа значи дека ако управувате моторно возило таму каде што е дозвилено до 50км/ч, со 51км/ч камерата ќе ве евидентира и ќе ви прати порака, односно ќе ве казни системот доколку управувате моторно возило со 60км/ч. Таму каде што имаме ограничување од 100км/ч а се управува возило со над 101км/ч моторно возило камерата ќе ве идентификува со толеранција од 12км/ч, значи таму би биле санкционирани доколку е дозовлено да речеме 100км/ч, а вие управувате на пример со 113км/ч. Овие толеранции се дефинирани во рамки на правилник под Министерството за енергетика и сметаме дека се апсолутно прифатливи се со цел овој систем да го заживееме се со цел да спасиме ден човечки живот повеќе, а притоа да ги увериме граѓаните дека целта не ни е казнување, туку целта ни е помалку повредени, помалку сообраќајни незгоди, помалку загуби на човечки животи“, дециден беше министерот Тошковски.

Министерот во овој контекст најави и уште еден проект кој ќе се имлементира во наредните денови со поддршка на македонски телеком.

„За сите овие прекршоци кои се сторуваат во рамки на толеранцијата, значи ако е забрането над 30км/ч од 30-36км/ч, ако е забрането над 50км/ч од 50-59км/ч ќе доставуваме информативна порака од страна на Министерството за внатрешни работи до секој еден граѓанин кој што ја пречекорил брзината со која што ќе им го привлечеме вниманието на граѓаните дека и покрај тоа што возат во рамки на законската толеранција која што е дозволена нема да има парична казна, односно нема да има прекршок, тие надминуваат над законски уврдената брзина со што доколку не дај боже било кој граѓанин управува моторно возило и стори сообраќаен прекршок со 55км/ч таму каде што е дозволено да се управува моторно возило максимум со 50км/ч и притоа повреди пешак со тешки телесни повреди, ќе одговара кривично“, заклучи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Безбеден град не е за парично…

Тошковски за Дневникот на МТВ: Безбеден град…

СРЦЕТО МУ ПУКНА ОД ТАГА: Ненадејно почина…

Неготинецот Бранко Атанасов (66), чија семејна куќа…

Анкета во Германија: ЦДУ/ЦСУ се изедначија со…

Конзервативниот блок на германскиот канцелар Фридрих Мерц…

Казнетата новинарка Вејсели за МИА: Срамен преседан…

Новинарката Љиридона Вејсели се жали на Апелациски…

Словенечката европратеничка Ирена Јовева е зачудена од…

Словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева…