Тошковски: Нема да има толеранција за опасно возење!

t

Системот „Сејф сити“ ќе работи со прецизно дефиниран праг на толеранција, но тој ќе се однесува исклучиво на прекршоците, додека за потешките сообраќајни случаи ќе следуваат постапки со кривична одговорност, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој појасни дека правилата за толеранција не ги утврдува Министерството за внатрешни работи, туку надлежна институција која моментално функционира во рамки на Министерството за енергетика, и тоа согласно важечките законски прописи.

Според Тошковски, ваков модел со праг на толеранција постои во голем број држави и се применува при детектирање сообраќајни прекршоци преку безбедносниот систем „Сејф сити“.

Тој посочи дека доколку е пропишано ограничување на брзината до 50 километри на час, секое возење над таа граница, особено во случаи кога има повреден пешак или други отежнувачки околности, ќе повлече соодветна постапка со кривична одговорност.

Министерот нагласи дека толеранцијата ќе важи само за полесни прекршоци и дека за опасното возење нема да има компромис. Во таа насока, тој се повика на светските статистики кои, како што рече, јасно ја покажуваат сериозната опасност од пречекорување на дозволената брзина.

„Статистиката покажува дека при судир со брзина од 60 километри на час, шансите за преживување се речиси минимални. Од 10 лица, во просек преживуваат само две“, изјави Тошковски, потенцирајќи дека основната цел на системот „Сејф сити“ е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на тешки сообраќајни несреќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не помина интерпелацијата на Тошковски

Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…

РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…

Продолжува судењето за убиството на Вања и…

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…