Трагедија кај Кавадарци: Возач загина откако камион се преврте и падна во провалија
Трагична несреќа се случила вчера во близина на кавадаречкото село Мрежичко, каде што 56-годишен жител на Кавадарци го загубил животот откако товарно возило излетало и паднало во провалија.
Според информациите од МВР, несреќата се случила околу 13 часот при истовар на земја од товарно возило „ман“, кога камионот се превртел и завршил во провалија. Возачот И.К. се здобил со тешки повреди, од кои починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.
Во извлекувањето на телото и возилото од тешко пристапниот терен учествувале алпинистички тим од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, припадници на ОВР Кавадарци и Територијалната противпожарна единица Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, додека увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија кај Кавадарци: Возач загина откако камион…
Трагична несреќа се случила вчера во близина…
Времето утре нестабилно, наместа со пороен дожд,…
Времето утре ќе биде променливо облачно и…
Генерал Гринкевич: Македонија е пример во НАТО,…
Македонија е цврст и ценет сојузник на…
Еве каква е состојбата во другите градови…
Центарот за управување со кризи информира за…
(Вознемирувачко видео) МВР ги повикува на распит…
Полицијата започна со повикување на распит на…